еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров наместо Заев ќе учествува на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на кој што во име на Владата ќе учествува заменик претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

„Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата,“ се вели во соопштението.

Инаку, вчера премиерот Зоран Заев го откажа учеството на иницијативата „Отворен Балкан“, во рамките на која требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќностсрбије“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не оди во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За половина година 101 компанија од Македонската берза со вкупна добивка од 141 милиони евра

Редакција

Катица Јанева: Кога ние побаравме притвор за Груевски, судовите не одбија

Редакција

Нови 509 случаи на Ковид-19 од 2.813 тестирања, во Скопје 285

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница