еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров предупреди дека новиот пристап ќе донесе корист само за Бугарија

Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила (спин што добро го препознаа и некои наши медиуми), пишува поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

„Додека бев внатре го држев другиот пристап – ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања – како што јавно кажа мојот наследник вчера. Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во „салама” тактика.

Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш – Софија „прифатила“ да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.

За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка. Сега ова биле резултатите со новиот пристап…

Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати – АМА во корист на другата страна. Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво.

Повеќе за суштинската штета со нотата до ОН, каде атрибутите на државата се затворени, во следниот јавен настап,“ пишува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Македонската преговарачка позиција е ослабена, ние направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами не се огради од знамето на “голема Албанија“, таква иконографија имало и порано, ама никој не бил казнет

Редакција

Русија од почетокот на годината регрутирала 230.000 војници

Редакција

(Видео) „Руските авиони не може да бидат соборени со митралези“: Зеленски побара оружје од НАТО и праша „што чекаат, поминаа 31 ден“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница