еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димовски до Милевски кој е против францускиот предлог: Ако Владата не ве послуша, повлечете ја поддршката

Ставот на лидерот на ЛДП, Горан Милевски по однос на францускиот предлог е добар и заслужува поздрав, напиша поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на неговиот Фејсбук-профил.

„Но, колега и пријателе Горан Милевски, доколку сепак Владата не те послуша тебе/вас и одлучи да прифати погубен документ по македонскиот национален идентитет, а со кој документ секако никогаш нема да станеме член на ЕУ, имаш на располагање еден државнички инструмент, да ја повлечеш поддршката на Владата…

Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…

Ве повикувам заедно со колегите Павле Трајанов и Маја Морачанин, да ја заштите македонската држава, народ и јазик од срамот кој и се спрема без знаење на Собранието на Република Македонија и јавноста пошироко,“ пишува Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на владејачката ЛДП, Милевски не го прифаќа францускиот предлог

Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што се случува во Владата: Прво Заев, сега Филипче со „пу,пу, не важи“ за сопствени одлуки

Редакција

Ненадејно почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски – Доне

Редакција

Белорусија прифати да распореди руско тактичко нуклеарно оружје на својата територија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница