еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на Гостиварската болница тврди дека кај нив има три инфицирани медицински лица, а не осум

Во Општата болница во Гостивар евидентирани се три медицински лица кои биле позитивни на тестот за Ковид-19, изјави директорот на болницата, Јакуп Јакупи.

Во меѓувреме, додаде, се очекуваат и резултатите за уште шест медицински лица.

Директорот на општата болница „Д-р. Ферид Мурад“ запрашан за актуелната состојба на новинарите им ги соопшти како што рече последните информации.

– Нашите колеги кои имаат позитавни резултат на тестирањата не оделе на работа и тие биле во групите кои во тој период биле дома. Тој принцип го воведовме за да се избегнат меѓусебни контакти.

Тие засега остануваат во домашна излоација и немаат развиено симптоми, а очекуваме да им биде извршено повторно тестирање. Резултати се чекаат за уште шест вработени во болницата и тие од сигурносни причини се во излоција, рече Јакупи.

Во болницата биле тестирани вкупно 45 здравствени работници, а очекува од епидемиолозите да утврдат како дошло до инфицирање на медицинскиот персонал.

Јакупи нагласи дека во установата се вршат засилени мерки за заштита на персоналот и пациентите и заради околностите, како што рече, работата се одвива со намален обем.

Информацијата за осум инфицирани во гостиварската болница беше испратена од кабинетот на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија како одогвор на прашањето од дописникот на МИА испратено по електронска пошта.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините Центар Жупа и Дебар излегоа од карантин

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пропорционално со бројот на новозаболени се зголемуваат и казните: 628 санкции за неносење заштитна маска

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

Редакција

Ревакцинирани се 381.182 граѓани: 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница