еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски поднесе оставка

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што вели немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Христовски во објава на Фејсбук-профил вели дека тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна и дека нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, што е на штета на граѓаните.

– Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“.

Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот.

Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, напиша Христовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук/Христовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик: Ќе има ли проблеми во борбата против нелегалната миграција?

Редакција

Стопанска банка Битола добила известување од Комерцијална за преземање на сите обични акции

Редакција

Нуркачите од „Акватек“ го чистеа Охридското Езеро од пластика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница