еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска информираа дека цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар.

Со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 77, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 75,5 денари за литар.

Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 80, а Еуросупер БС – 98 за 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,559 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,773 денари.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,158 отсто, кај дизелот има намалување за 0,807 отсто, кај Екстра лесното масло за 1,158 и кај мазутот намалување за 1,035 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

76-годишно лице настрада во пожар во стан во Аеродром

Редакција

Намалување за 37,2%: Минатата недела 542 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, едно по третпат

Редакција

Сите компании ќе останат без субвенцирана струја, не само тие што не ги намалиле цените

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница