еМагазин
Image default
Бизнис

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста

Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“

Редакција

Затворени четири угостителски објекти, кои не ги почитувале протоколите и не биле регистрирани

Редакција

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 6.137 акции на компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница