еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста

Цената на дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 82, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 84, односно 86 денари за литар и 41,346 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,648 отсто, кај дизелот за 4,145, кај екстра лесното масло за 4,165 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,451 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,131 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молк од ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе ја замени разрешената министерка Мизрахи?

Редакција

Живко Мукаетов купи 1.000 акции од „Алкалоид“

Редакција

Владата бара од сите функционери во своите биографии наместо Македонија да напишат Северна Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница