еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за еден денар

Од полноќ за еден денар поевтинува дизелот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува 69 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284 проценти, кај дизелот во просек за 3,191 проценти и кај Екстра лесното масло во просек за 0,202 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,386 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?

Редакција

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата

Редакција

Тирон Јајага е нов министер за одбрана, Петровска стана пратеник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница