еМагазин
Image default
Бизнис

Дизелот поскапува за два, а бензините за половина денар по литар

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 75,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 77,5, а „еуродизел“ и екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,724 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,051 отсто и кај дизелот за 4,978 отсто, како и за 0,101 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2, а увозот за 28,7%

Редакција

Орка холдинг лани работела со добивка

Редакција

Ако по втор пат не биде донесен изменетиот Законот за енергетика, ќе има драстично зголемување на цените на нафтените деривати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница