еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

До 30 ноември забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во маркетите

Трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехрамбени производи од денеска имаат забрана да нудат акциска продажба и промотивна продажба при нивно ставање во промет, со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Како што информираат од Влада, целта е заштита на граѓаните од манипулации со цените.

-Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да (акција) и (промоција), со исклучок на Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки, информираат од Влада.

Соопштуваат дека со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, но дека исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

-Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од следната среда за 10% пониски цени за над 50 основни прехранбени производи

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради Васил Гарванлиев, македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР

Редакција

Што пишува во биографијата на разрешениот министер Сухејл Фазлиу

Редакција

Вознемирувачко видео од „Бардовци“: Пациенти тепаат новодојден пациент и се снимаат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница