еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прва дојава за бомба на настан на кој требаа да учествуваат премиерот и министри во Александар палас

Поради најава за поставена бомба годишната конференција на Стопанската комора во хотелот Александар Палас во Скопје, на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски, се откажа.

На настанот требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Претходно серија дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училиштата, институции и трговски центри низ државава.

Ова е прв случај за најава на поставена бомба на настан на кој е предвидено да присуствуваат политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Дојава за бомба и на скопскиот аеродром, откажани се сите летови

Закани за убиства на невини луѓе, до „северномакедонската“ влада, премиерот и неговата партија во дојавата за бомба во Куманово

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатите на обвинетите за насилството во Собрание отстранети од судница и казнети со по 1.000 евра

Редакција

(Фото) Пендаровски и сопругата со децата и младите од „Доза среќа“ ја украсија новогодишната елка во неговата канцеларија

Редакција

(Видео) Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Мандиќ на распит кај Русковска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница