еМагазин
Image default
Македонија

Вакцинирани 53 медицински лица во Тетово, дел одбиваат

Ковид-центарот при Тетовската болница нема добиено информации до денеска за постоење на британскиот сој на коронавирусот меѓу заболените во регионот на Тетово, информираат од оваа јавна здравствена установа.

Според координаторот во Ковид-центарот, Гзим Нуредини брисеви се пратени во соодветна лабораторија на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ).

„За постоење на британски сој немаме се уште таква информација од МАНУ, а имаме пратено брисеви таму и чекаме од нив да не информираат. Во случај да има, ќе не информираат веднаш.

Но, сите овие мерки важат за сите видови Ковид-19. Сега има информации дека тој сој за 10 пати е позаразен и плус и подраматична клиничка слика има, со дијареја повеќе, со гастроинтестинални симптоми. Значи сој со кој треба да сме претпазливи,“ изјави Нуредини.

Во саботата во Скопје вакцинирани се вработени лекари и медицински сестри од Клиничката болница Тетово кои се најизложени и работат со Ковид-19 пациенти.

„Имавме етапно вакцинирање за вработени од црвена фаза, кои дејствуваат во т.н. „црвена зона“ директно работа со ковид-пациенти.

Во сабота 53 вработени се вакцинирани во Скопје, има и такви кои не сакале да бидат вакцинирани. Следува вакцинација и на здравствени работници од т.н. портокалова фаза,“ додаде Нуредини.

Во тетовската болница сега има 14 хоспитализирани пациенти со Ковид-19. Од нив осум се во потешка здравствена состојба. 

„Голем број од нив се со други болести, со шеќер, хипертензија, белодробни болести, мултидисциплинарниот пристап е неопходен.

Амбулантски прегледи имаме околу 35-40 дневно, не е намалена бројка, новозаболени според бројките на Институтот за јавно здравје е околу 10 до 20  дневно.

Да не бидат скептици луѓето за вакцинација, да не се плашат и да ја прифатат како начин да се избориме со болеста,“ изјави докторот.

Монтажната модуларна болница за ковид-пациенти е готова и според докторот остануваат уште некои административни процедури пред да се пушти во употреба.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери”

Редакција

Министерството за правда сѐ уште не добило одговор на барањето за екстрадиција на Алил Демири од 2018 година

Редакција

Владата донесе одлука за формирање Советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во име на здружение

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница