еМагазин
Image default
Македонија

До десет години затвор за напад и повреди на здравствени работници

Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е недозволиво и казниво според закон, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека според Законот за здравствена заштита, член 304-г, (1) тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Под став (2) се се вели дека ако при извршувањето на делото сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

„Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна“, наведуваат од Министерството и додаваат дека нема да дозволат физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумднeвен притвор за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Лекарската комора за инцидентот со лекарот: Насилството е почеста појава од што се зборува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за екс-градоначалникот на Демир Капија: Фондација основана од Општината му ја отстапил на роднина

Редакција

Убава вест: Оздравени 245 пациенти од Ковид-19

Редакција

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница