еМагазин
Image default
Македонија

До Антикорупциска не е доставен целиот договор со „Бехтел и Енка“ поради клаузулата за доверливост, вели Груби

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д.

– Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на градежните активности за изградба на Коридорот 8.

Целосната верзија од договорот, како што изјави Груби, е доставена само до Јавното обвинителство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисока казна за Трајко Вељаноски: Вкупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

Редакција

Уапсени поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер Салиу, поранешни и сегашни директори на ДЗС, за пожарот во Кочани

Редакција

Веапоска во судница се сретна со лекарите кои ѝ отстранија три органи, таа се вознемири, тие кажаа дека не биле виновни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница