еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери за туризам

Од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Јас имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи.

Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени.

До крајот на неделава ќе ги издадеме сите ваучери, а до крајот на годината имаме право да ги направиме сите исплати во хотелските капацитети, изјави Бектеши, кој додаде дека интересот за оваа мерка е голем, а финалниот список, кој добил ваучер, ќе биде објавен кога ќе бидат доделени сите ваучери.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе Фискална стратегија и Стратегијата за управување со јавниот долг на Македонија за 2023-2025 година

Редакција

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица

Редакција

Од утре зголемување на цената на парно греењето во Скопје за 14,05%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница