еМагазин
Image default
Забава

Дојранскиот „Д-фест“ ќе се одржи на 22 август

Јубилејното 10. роденденско издание на „Д-фест“ годинава поради корона кризата ќе се одржи во скратено издание, на 22 август, потврдија денеска организаторите.

– Тој ден на главната бина во Дојран ќе настапат популарни домашни музички имиња како „Суперхикс“, „ЛД Пистолеро“, „Бон Праскиза“ и уште неколку, а бројот на посетителите ќе биде ограничен на 30 отсто од предвидениот капацитет, велат организаторите.

Поради неможноста јубилејниот роденден да се прослави традиционално, со богата тридневна програма, големото официјално фестивалско издание е презакажано за 2021 година во периодот од 2 до 4 јули кога меѓу артистите, кои досега се потврдени, ќе биде и Кеј-Вај Мани, синот на Боб Марли.

– Сите кои имаат набавено билети за фестивалот до 30 јули ќе можат да присуствуваат на двете фестивалски изданија, годинашното едновневно и на големото роденденско издание догодина на кое ќе е придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци, велат од организацијата на фестивалот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Огнен Здравковски има нов бенд и песна во најава

Редакција

(Фото) Каролина на одмор во Турција

Редакција

(Видео) „Заведи ме“ – Ај Кју во летно еротско издание

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница