еМагазин
Image default
Македонија

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии поднеле 137 лица со позитивен тест за Ковид-19 и во самоизолација, како и 3.138 болни и немоќни лица.

Во однос на учеството на здравствените работници во избирачките одбори и нивно изземање од страна на ДИК, Шеху рече дека Комисијата не би можела да каже дека има проблем, бидејќи оние што сакаат изземање доставуваат документација дека се спречени да учествуваат во изборниот процес во посебните избирачки одбори.

-Ние повторно ќе ги менуваме. Сега собираме податоци. Можеби ќе бидете известени повторно, ќе правиме случаен избор за нови здравствени работници. Малку ни е во овој дел проблем, рече Шеху.

До вчера 80 здравствени работници биле изземени од посебните избирачки одбори.

– Имавме сто барања, на 80 им е прифатено барањето, рече потпретседателката на ДИК, појаснувајќи дека некои од нив се во пензија, не се веќе во работен однос во здравствена институција, некои се во странство, некои не можат да се најдат… Таа потенцира дека сега имаат барања за изземање и од тие што биле случајно избрани, откако дел биле изземени.

Шеху рече дека само 10 отсто од избирачките места се сменети заради запазување на мерките за заштита од Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Редакција

Од 678 починати од Ковид-19, 591 биле невакцинирани, а 87 вакцинирани

Редакција

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница