еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Доделена главната награда – Citroën C5 Aircross од наградната игра „Телеком наградува “

Алмедина Иљазоски од Кичево е добитник на Citroën C5 Aircross, главната награда од наградната игра „Телеком наградува “ на Македонски Телеком, информираат од компанијата.

Деветнаесетгодишната Алмедина е долгогодишен припејд корисник на Македонски Телеком, а во наградната игра се вклучила од самиот почеток.

Денес таа ги доби клучевите од својот нов автомобил.

Во наградната игра којашто траеше од 6.12.2021 до 24.1.2022 година учествуваа повеќе од 60.000 припејд и постпејд корисници, со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK, за што секој регистриран учесник добиваше 5 GB мобилен интернет.

Освен главната награда, Citroën C5 Aircross, Македонски Телеком секојдневно доделуваше и по еден смартфон Samsung Galaxy A22, со што вкупно се доделени 50 дневни награди.

Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благодарница за ЕДС за поддршка на проектот „Замисли желба“

Редакција

Нова експозитура на НЛБ банка во Скопје-Бутел

Редакција

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница