еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО

Договор меѓу Македонија и Грција за заштита на разменетите класифицирани информации

Владите на Северна Македонија и Грција потпишаа Договор за заемна заштита на разменетите класифицирани информации.

Во име на двете влади, Договорот во Скопје го потпишаа директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации, Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис.

Како што соопшти Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, за време на средбата е разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации.

-Воедно, беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот, се наведува во соопштението на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Фото: Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани лани во Грција потрошиле 155,3 милиони евра

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски во историска посета на Грција: Како го пречекаа и за што разговараше со претседателката Сакеларопулу

Редакција

(ВИДЕО) Грчкиот и македонскиот воен оркестар ја свиреа македонската химна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница