еМагазин
Image default
Бизнис

Договорен увоз на пченица и од Бугарија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски синоќа на својот Фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.

-Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица.

Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.

Министерот е во Берлин каде вчера, на покана на германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир, учествуваше на министерската конференција во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

Претходниот месец беше постигнат договор и со Србија, да ја изземе земјава од забраната за извоз на пченица и други прехранбени суровини.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макстил лани со драстично поголема добивка

Редакција

За награда на менаџментот на Гранит 28 милиони денари

Редакција

Смени во Одборот на директори на Раде Кончар – Апартна техника

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница