еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Договорена нова методологија за пораст на пензиите, дополнително сите пензионери ќе добијат по 1.000 денари за април, мај и јуни

Владата и претставници на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансика помош за пензионерите од по 1.000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршување на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на било која власт.

Финансиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизикана и од ковид-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Редакција

Што пишува во биографијата на новиот претседател на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски

Редакција

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница