еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Доколку компаниите не ги вратат цените во нормала, ќе донесеме непопуларни мерки, најави Бектеши

Одредени трговци драстично ги зголемија цените на основните прехранбени производи кои претходно со одлука на Владата имаа замрзнати маржи и намалено ДДВ.

Овие трговци имаат монопол на пазарот за одредени производи и по завршување на мерките цените се зголемија за 50 до 70 проценти, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостување во емисијата 24 Анализа.

„Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестенините и на некои други производи. Кај маслото за јадење и други производи вратен е само процентот од делот на ДДВ. Ќе донесеме заклучок за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени.

Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 50% па дури и до 70% со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот,“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека заедно со надлежните институции, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се анализираат податоците со цените.

„Доколку овие трговци сами не ги вратат цените со нормални маржи тогаш повторно ќе донесеме непопуларни мерки, се со цел да го заштитите стандардот на граѓаните“, кажа министерот и потенцираше дека до крајот на неделата во координација со Коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени.

„Во координација со сите стопански комори беше донесена одлука мерката за замрзнување на цените на производите да не се продолжи после 1 јуни, за да се остави пазарот сам да ги одреди цените. Но, доколку утврдиме дека има злоупотреби и манипулации тогаш ќе реагираме веднаш,“ кажа Бектеши и потенцираше дека ребалансот на буџетот е веќе во собраниска процедура, штом ќе биде донесен ќе бидат креирани нови мерки согласно потребите и на граѓаните за да се избегнат големи ценовни шокови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе објави список со компаниите кои направија вештачки скок на цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

Редакција

Намалување на маржата на 10% на основните прехрамбени производи стартува денеска

Редакција

Животот станува се поскап: Tрошоците на животот зголемени за 10,5, а цените на мало за 11,1%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница