еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Беќаровски: Ревидирајте ја бесмислената одлука за прележаните од Ковид-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил ги повикува колегите од Комисијата за заразни болести да ја корегираат својата одлука која се однесува на прележаните од Ковид-19, кои според последните владини мерки меѓудругото можат да влезат во објекти само во првите 45 дена по оздравувањето од вирусот.

“Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, Ве замолувам!

На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци.

Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.

Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!!

Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти!!!“, пишува тој

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Доктор Пановски за дел од мерките: Носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво!

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Стево Пендаровски се „скри“ меѓу златните славејчиња

Редакција

Децата не се имуни на Ковид-19: Невозможно е да се разликуваат симптомите на новиот вирус и грипот

Редакција

МРП вакцина досега примиле 37.189 деца на возраст до 14 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница