еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: Тестирајте се пред да се вакцинирате, вирусот веќе е премногу раширен

Доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук предлага тие што планираат да се вакцинираат периодов претходно да се тестираат за Ковид-19, бидејќи вирусот веќе е премногу раширен.

„На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во МК да имаат негативен тест или да се вакцинирани.

Не ме послушавте.

На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518.

Не верувавте и навредувавте.

На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. “Настинката” не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време.

Знам дека нема да ме послушате!“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Беќаровски: Од 10. август се очекува неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката

Доктор Беќаровски: Не е сеедно, само 0.02% од вакцинираните се заразиле со Ковид-19

Доктор Беќаровски: Иселениците кои летово ќе си дојдат дома да се вакцинираат или барем да направат тест за Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Жално е колку распаднат образовниот систем, во секој поглед„: Твитер реакции за грешките и лошите преводи во учебникот по Историја и општество

Редакција

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Редакција

Шестмесечно бебе почина од Ковид-19, имало вродена аномалија на черепот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница