еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски: Вакцинирајте се со првата вакцина против Ковид-19 што ќе стане достапна за да не умрете

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук анализира што значи ефикасност на една вакцина против Ковид-19.

„Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.

Имаме 10. 000 вакцинирани и 10.000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност.

Ајде да земеме ефикасност против појава на смрт.

Имаме 10.000 вакцинирани и 10.000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните починат од COVID-19, тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност.

Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат 95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат 70% ефикасност против симптоматска болест после една доза.

Спутник В има најверојатно 90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има 70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза.

Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од COVID-19.

Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува.

Да научиме од Србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што треба да знаат граѓаните што ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ во Србија

Доктор Чадиковски: Вакцината „АстраЗенека“ имала компликации, дали знаете вијаграта колку има, а цела Македонија ја користи

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО предупредува дека корона вирусот напаѓа се помлади луѓе

Редакција

Еурека: Пратениците по мандатот да станат заменици-директори во јавните претпријатија

Редакција

Повреден од пожарот во Кочани се враќа од Бугарија, во странство се лекуваат 55 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница