еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Лазаров: Цела пандемија ја платија од свој џеб луѓето, срам да ви е

Матичниот лекар Ненад Лазаров уште еднаш на својот Фејсбук профил предупредува за недостатокот од тестови за тестирање од Ковид-19 во државните институции.

“На дневна база има повеќе тестови направени “на приватно” отколку “на државно” за време на цела пандемија, евидентно но несоодветно потенцирано, а рефлектира огромен проблем.

Апелирам медиумите кои се грижат за народов, тоа да го потенцираат и објавуваат со секоја дневна статистика, бидејќи министерот рече дека има доволно тестови додека матичните лекари молат за тестови цело време.

Зошто ако не си имал потреба и искуство со ковид, од изјавата на министерот испаѓа дека ние сме лудаци кои не знаат што зборуваат…

Јас моите пациенти не ги лажам, тестови нема, нема доволно ни приближно, исклучително ретко се случува да закажеш тест а чекање по неколку дена е неприфатливо.

Цела пандемија ја платија од свој џеб луѓето, срам да ви е“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Лазаров: Најголем непријател во наредниот период ни се затворените прозори

Доктор Лазаров: „Ниту може рано да дијагностицираме, ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода“

Фото: Лазаров/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријатно време уште викендов, од понеделник повторно „пекол“

Редакција

Од болницата „8 Септември“ апелираат граѓаните кои бараат медицинска помош, да даваат точни информации

Редакција

Доктор Беќаровски: Процентот на појава на тромбоза е ист и при примање на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница