Човек што има хронични заболувања треба да избегнува гужви, не само за Ковид-19, туку и за други болести, изјави доктор Никола Пановски, во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.
„Повеќето луѓе во Скопје и Охрид, живеат како да нема Ковид-19, особено младите. Не се носат маски, луѓето оболуваат, го прифаќаат лесно, не креваат паника, кај поголем број поминува лесно.
Ковид-19 денеска е статистика која ја слушаме на телевизија, како за број на новозаболени и починати, што ако го правиме за друга болест, би изгледало пострашно„, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ