еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: По прележан Ковид-19, количината на антитела не е битна и не треба да се проверуваат за да се види „колкав ми е имунитетот“

Многу често, луѓето кои прележале Ковид-19 се прашуваат дали да се вакцинираат и дали имаат доволна заштита.

Микробиологот Никола Пановски, во еден од одговорите на социјалните мрежи истакнува дека, имунитетот од прележување трае најмалку 12 месеци, а може и доживотно.

„Антителата се доказ дека имуниот систем го запознал вирусот, па се очекува дека би реагирал брзо при повторна средба со вирусот. Гаранција никој не може да ви даде, не е ова фрижидер или кола.

Количината на антитела не е битна и не треба да се проверуваат за да се види „колкав ми е имунитетот”. Тие се пред се доказ дека навистина сме биле инфицирани со вирусот.

Затоа, во недостаток на вакцини, требаше да се апелира прележаните да почекаат барем 6 месеци, но властите тоа не го направија, па третина од вакцинираните се прележаните,“ вели Пановски и додава дека се остава на изборот на секој поединец и гаранција нема.

„Инаку шансите да добиете ковид ви е најмалку сто пати помала од некој како вас кој не прележал,“ објаснува Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: И тие што прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски час уште вечерва, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Редакција

„Кернел груп“ го доби тендерот на Централниот регистар за набавка на решение за обединети комуникации вреден 282.000 евра

Редакција

Ако Ви се украдени податоци Фејсбук ќе Ве извести: Потврдена кражбата на информации за 29 милиони корисници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница