Алијасата за Албанците на 21 април во трката за градоначалник на Дебар ќе учествува со доктор Арбен Аголи, познат педијатар, се наведува во соопштението на партискиот огранок од Дебар.
– На Изборното собрание во присуство на 59 од 65 делегати едногласно за кандидат за градоначалник на општината беше избран д-р Арбен Аголи. Претходно, за активностите на дебарскиот разгранок за период меѓу двете собранија извештај поднесе Илирјан Фетаху, претседател на разгранокот, додека за актуелата состојба во земјава и значењето на двојните избори зборуваше Сурија Рушити, пратеник во Парламентот на Северна Македонја од редовите на Алијансата за Албанците, се вели во соопштението на партијата.