еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација на ОКТА по повод Светскиот ден за борба против гладта

Во рамки на одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, компанијата ја даде својата поддршка и активно се вклучи во кампања „Помислете на нас“ организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта, информираат од компанијата.

Кампањата која ја спроведува Црвениот Крст на град Скопје, претставува глобална акција која има за цел да ги поттикне општествено-одговорните субјекти да им помогнат на нашите сограѓани во социјален ризик.

Со средствата кои ОКТА ги донираше на Црвениот Крст на град Скопје, се обезбедија и дистрибуираа прехранбени продукти за ранливата категорија на семејства во земјава.

„Хуманоста и волонтерството се вредности кои ја одликуваат компанијата уште од нејзините зачетоци. Оваа година одбележуваме 40 години од основањето на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, што претставува навистина голем и значаен јубилеј за сите вработени, членови на Црвениот Крст, крводарители и сите поддржувачи на оваа организација, со еден збор на сите хумани луѓе во ОКТА.

Нивното заедничко дејствување и учество во бројни крводарителски и добротворни акции, ја издвоија OKTA, како една од најдобрите општествено одговорни компании во земјава“, изјави Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.

Компанијата заедно со своите вработени традиционално учествува во оваа хуманитарна кампања организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта. ОКТА е особено горда на својата организација на Црвен крст која активно делува во рамки на компанијата и во изминативе 40 години има организирано над 150 крводарителски акции, при што се донирани 17.250 крвни единици во здравствениот систем на земјава, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка со донација на медицинска опрема за Институтот за медицинска физиологија и антропологија – спортска медицина

Редакција

(Фото) Македониумот и архитектурата на Кензо Танге изложени во МОМА во Њујорк

Редакција

ТАВ Македонија донираше пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница