Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се проиведени денеска во врска со случајот „Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот Фејсбук-профил.
„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, напиша Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ќе те уништам со оваа слика„: Сведоштво на уште една жртва на „Јавна соба“
Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“