еМагазин
Image default
Локално

Драма на излезот кај Стар Дојран: Возач кој превезувал мигранти скокнал од камионот, а возилото удрило во полициски автомобил

Синоќа, околу 1 часот по полноќ, на излезот од Стар Дојран, полицијата во товарно возило пронашла 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш).

Откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР, информираат од полицијата.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Гевгелија.

Мигрантите се предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до прифатно-транзитен центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пронајден починат во автомобил

Редакција

Неконтролираното крадење на струја го остави Грчец без струја

Редакција

Штипјанец фрлил пакет со дрога од автомобил пред полицајци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница