еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Драстична промена на времето: Пад на дневната температура и до 15 степени, а утринската ќе биде околу нулата

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.

Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.

Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бухова: Само за едно лице постои степен на загрозеност од контактите на министерот Спасовски

Редакција

Македонија на врвот на листа на депортации од Германија, годинава депортирани 774 македонски држвјани

Редакција

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница