еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Јавното претпријатие „Дрисла“ се соочува со казна од 110 до 120 илјади евра, а управителот со казна од шест илјади евра по извршениот вонреден инспекциски надзор по дојава од граѓани од селото Батинци при што е утврдено дека во Маркова река има поголеми концентрации на загадувачки супстанци од дозволеното.

Од Владата денеска информираа дека вонредниот инспекциски надзор е извршен на 4 септември и дека визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но не е почувствуван некаков мирис.

Истиот ден од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Еуромак Контрол“ земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци при што се утврдени концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности кои потекнуваат од исцедокот од депонијата.

– Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор, велат од Владата.

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

34-годишен маж од Тетово со закана со нож силувал малолетник, доби 30 дена притвор

Редакција

Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ, порача Мицкоски

Редакција

Има осомничени лица за дојавите за бомби во скопските училишта, вели Спасовски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница