еМагазин
Локално

Дрско однесување на негувателка во градинка, вонреден инспекциски надзор во „Буба Мара“

Одделението за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата од Министерството за труд и социјална политика, во моментот врши вонреден  надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, информираат од МТСП.

„Надзорот се прави откако родител на дете кое што ја посетува градинката во Министерството испрати писмо во кое што тврди дека негователките несоодветно и дрско се однесуваат со децата. Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел да го расветли случајот во најкраток можен рок. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај“, се вели во соопштението на МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од струен удар загина 65-годишен скопјанец

Редакција

(Видео) Во угостителски објект на автопатот Тетово-Гостивар откриени танчерки од странство, а биле прекршени и ковид мерките

Редакција

(Фото) Реновирана “Улицата на бутиците“ во Тетово, беше промовирана со албански знамиња и обележја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница