еМагазин
Image default
Локално

Дрвокрадец со „Ауди“ удрил во возила на Шумската полиција

На 20.03.2019 во полициска станица Струмица било пријавено дека истиот ден во 11.20 часот на место викано „Дарван“, општина Босилово, вработени во шумската полиција Струмица го затекнале О.Ф.(19) од село Старо Балдовци при бесправна сеча на огревни дрва со патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, информира МВР.

Тие со возила го блокирале патот за да спречат бегство на О.Ф. со возилото „Ауди“, но тој во два наврати со неговото возило тргнал накај вработените во шумската полиција и удрил во службените возила, а една вработена во шумската полиција се здобила со повреди и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Огревните дрва биле одземени, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oбвинителство Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Редакција

Една жртва во пожар на објект на лозје во Неготино

Редакција

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница