еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Државата ќе ги покрие долговите за струјa кај институциите кои имаат објективни причини за тоа, останатите ќе бидат повикани на одговорност

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини.

Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги повика на одговорност.

„Не ми е сфатливо, како може со години да не се плати струја, што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори, на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата.

Не трпам директори кои не плаќале струја, затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја само затоа што се од витално значење,“ изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Нови 297 случаи на Ковид-19, оздравени 180, починати две лица

Редакција

(Фото) Северина настапи во ABC by Mosh: 70 концерти во 70 општини за 70 години постоење на „Пелистерка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница