еМагазин
Македонија

Државниот карантин се заменува со домашна самоизолација со направен ПЦР тест за Ковид-19

Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на државата, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот Ковид-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Ова е предвидено со изменета и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови или конвои донесени на денешната седница на Владата.

„Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство,“ се вели во соопштението од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Палески спроведен во суд, вели дека не сторил убиства и дека има докази

Редакција

Од утре лични карти со „Северна“

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница