еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државниот завод за статитсика нема да почне со пописните активности на терен

Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од таму.

„Имајќи предвид дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

Во периодот додека се чека разрешница во Собранието, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје обвинета дека загадува, а фабриката не работи

Редакција

Атина сака да се надминат разликите меѓу Софија и Скопје, вели грчкиот заменик-министер за надворешни работи Власис

Редакција

Запленета дрога во вредност од 800 илјади евра, приведен висок полициски службеник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница