еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

ВМРО-ДПМНЕ во своите деловни книги на ден 31.12.2018 година има неизмирени обврски во износ 307.354.000 денари (околу 4,9 милиони евра), соопшти Државниот завод за ревизија по контролата на работењето на редовната сметка на партијата.

Ревизорите утврдиле дека 53,84 отсто од вкупните обврски се постари од три години, за кои не е даден предлог за нивно постапување/отпис, а 46,16 отсто не биле постари од три години.

„Заради надминување на ваквата состојба и подмирување на обврските одговорното лице на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 и во 2019 година има склучено договори/спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски и плаќање на рати со 6 добавувачи во вкупен износ од 146.117.000 денари врз основа на кои во текот на 2018 година исплатени се 13.091.000 денари“, пишува во ревизорскиот извештај.

Во него, се додава дека од страна на одговорните лица било посочено дека причина за неизмирувањето на обврските е проблемот со ликвидноста на партијата со која се соочува повеќе години наназад.

Целиот извештај ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ на лидерската бара да се разговара и за условувањата од Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка купи струја од “Енерџи деливери солушнс“ за 959,3 илјади евра

Редакција

Фабриката „Кристал“ прослави 100 години од основањето

Редакција

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница