еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дури 710 поранешни функционери не поднеле анкетен лист кога им завршила функцијата, велат од Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од увидот во изданијата на Службен весник од 2021 година и по увидот во својата евиденција утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања односно престанок на функцијата не е исполнета законската обврска односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија.

Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

–  Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози односно ќе започне прекршочна постапка понатаму доколку не ги платат платните налози, појасни Ивановска, додавајќи дека како ќе бидат завршувани предметите на кого се однесуваат, така ќе бидат и објавувани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се ќе настапи: Организиран пречек на Нова Година на плоштадот во Прилеп

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Советот на Општина Струга можел да го спречи набавувањето на автомобилот на Мерко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница