еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца мигранти од Сирија загинаа откако „Ауди“ удри во полициско товарно возило

Двајца миранти од Сирија починале, а неколу други се потешко повредени откако синоќа патничко возило „Ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, удрило во запрено товарно полициско возило, на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш.

Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 22.30 часот било пријавено дека на кај клучка Радовиш, „Ауди Q7“, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.

– На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, се појаснува во соопштението од МВР.

Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска скијање во ски-центарот „Стрежево“

Редакција

973 хоспитализирани пациенти со Ковид-19 низ болниците во државата

Редакција

Укинат домашниот притвор на Зоран Милески-Кичеец, осуден за „Рекет“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница