еМагазин
Image default
Македонија

Двајца новозаболени, двајца починати и еден оздравен пациент од Ковид 19 во кумановско

Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира двајца новозаболени пациенти од Ковид 19, по еден во Општина Куманово и во Општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Според соопштението од Министерството за здравство, еден пациент на возраст од 81 година, примен во болница на 3 јуни, починал во Општата болница Куманово, а во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка на 67 години, од село Опае, Липковско, примена на 2 јуни, годинава.

Оздравен е еден пациент од Куманово.

– Денеска извршени се 61 тестирање. По „Мој термин“ 21 тестирање, 14 се извршени во Липково, согласно епидемиолошки индикации и 26 се контролни тестови од кои 25 се во Липково и еден во Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 653, а активни случаи се 206.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале осум лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ, тврди Османи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница