еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца од обвинетите немале адвокати, повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

По втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница.

Овој пат причина беше тоа што двајца од обвинетите Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот.

Судијата Јордан Велковски го одложи за 8 ноември во 10 часот.

До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.

Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово, Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше Обвинителството.

Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата.

Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВЕРО ги замрзна цените на 100 производи за следните шест месеци

Редакција

Твитерџиите „фатија“ сеир за тоа што претседателот Пендаровски замина за Брисел со редовна линија

Редакција

ОДИХР: Вториот круг од Локалните избори спроведен во натпреварувачки дух, но се регистрирани наводи за притисок врз гласачи

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница