еМагазин
Македонија

Двајца потешко, а шест полесно повредени во судар на македонски туристички автобус и камион кај Линц

Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест лица се полесно повредени во сообраќајката која се случила изутрината, во 6 часот, во близина на Линц, Австрија. Во несреќата се судриле македонски автобус и товарен камион.

– Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и шест лица се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, соопштија од МНР.

Австриските медиуми информираат дека сите повредените се згрижени во болница, а бил затворен и автопатот кон Линц.

Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.

Се уште не е познато која е агенцијата преку која патувале маедонските државјани, ниту името на превозникот на автобусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, изјави Заев

Редакција

ЕУ не дава гаранции дека и по уставните измени нема да има нови пречки за Македонија

Редакција

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница