еМагазин
Image default
Локално

Двајца повредени при експлозија на противградна ракета

На 03.06.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета, информира МВР.

Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни. При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богата програма на Зимска приказна 2024 во Битола, ќе започне од утре и ќе трае до 6. јануари

Редакција

Крушево полно со гости за новогодишните празници

Редакција

(Видео) Снег од неколку сантиметри во скијачкиот центар Попова Шапка

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница