еМагазин
Image default
Локално

Двајца рудари повредени при ископ во рудникот Тораница

На 25.10.2018 година околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница, информира МВР.

В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка.

Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда. Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиство во Кочани: Пиеле со соседот, се скарале и со тврд предмет го усмртиле во неговата куќа

Редакција

Водата во Струмица забранета за употреба, регистрирано зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Редакција

Десет пријави во СВР Куманово за измами со набавка на огревни дрва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница