еМагазин
Image default
Македонија

Двајцата браќа од Кавадарци кои починаа од Ковид-19 имале апластична анемија

Според информации од болницата во Кавадарци, двајцата браќа од Кавадарци, кои починаа поради компликации од Ковид-19 имале апластична анемија, односно тешко крвно нарушување и спаѓале во високо ризичните групи, објави Фокус.

Постариот брат Марјан бил донесен во тешка состојба во кавадаречката болница на 25. октомври, по што бил стабилизиран и по само еден час бил препратен на клиника во Скопје.

Помладиот брат, Горан, бил хоспитализиран на ковид одделот наредниот ден, бил во стабилна состојба, по што по околу 24 часа, нагло му се влошила состојбата и бил транспортиран на клиника во Скопје.

Тие растеле без мајка, која починала млада и пораснале со татко им и постариот брат, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19

Почина 17-годишна кавадарчанка од Ковид-19, во Кавадарци 14, во Неготино 5 нови случаи

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството преземало мерки за пукањето и сквернавењето на македонското знаме во Скопје

Редакција

Скопје има иста кумулативна инциденца како Дебар

Редакција

За македонското малцинство во Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, разговарале Муцунски и бугарскиот колега Георгиев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница