еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајцата Македонци што се удавија во Драч се од Битола, едниот имал срцеви заболувања

Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.

Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски (78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

-Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно од телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал, а откако влегол во водата го забележал и другото тело.

Најпрво прсутните на плажата им дале срцева масажа, а и Брзата помош, која веднаш стигнала, но не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца повозрасни македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај Драч

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Редакција

Владимир Тодоровиќ не е повеќе во домашен притвор, прв ги почуствува поволностите од измените на Кривичниот законик

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Прифатливо е спојувањето на СЈО и ЈО, Русковска не

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница